На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото. Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ – детали од МВР



Поврзани написи

Црна Хроника
Претепани двајца работници на „Комунална хигиена“ во Скопје: Чекале автобус за дома кога биле нападнати од повеќе лица

Црна Хроника
Маж ја нападнал невенчаната сопруга, неговата мајка му помогнала: Приведени мајка и син во неготинско

Црна Хроника


















