УТРО.мк

ФОТО | Автомобил се забил во продавница во Тетово: Возилото завршило во излогот

ФОТО | Автомобил се забил во продавница во Тетово: Возилото завршило во излогот
Jumbo

Патнички автомобил рано утрово удрил во продавници во Тетово и завршил во влезот на еден од објектите. Несреќата се случила околу 4 часот, објави порталот „Па Ценсуре“, кој објави и фотографии од местото.

На фотографиите се гледа сребрен автомобил со силно оштетен преден дел, забиен во влезот на продавницата. Видливи се скршени стакла, оштетени полици и излог со рачни часовници.

Околу возилото има делови од браник и парчиња стакло, а патот бил покриен со снег.

Според објавата, полицијата излегла на местото и презема мерки за расчистување на настанот.

Засега нема информации дали во несреќата има повредени лица, а не се познати ниту причините поради кои возилото излетало и удрило во продавницата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран