Попладнево во Велес се случи трагичен настан – двојно убиство по што сторителот изврши самоубиство, неофицијално дознава Инфомакс.
Според извори од терен, две лица биле убиени од страна на невенчаниот сопруг на една од жртвите, по што самиот се самоубил. Жртвата, според досега непотврдени информации, претходно повеќепати го пријавувала насилникот во полиција поради закани по својот живот и животот на нејзиниот татко. Исто така, имало инцидент со палење на нејзиното возило.
Од СВР Велес најавија дека официјални информации за настанот ќе објават во текот на денешниот ден.