Попладнево во Велес се случи трагичен настан кога момче влегло во семејната куќа на својата девојка и ја избодело на повеќе места, а потоа нападнало и на нејзиниот татко. По извршеното, сторителот си пресудил на себе.
Двете жртви, едно женско и едно машко лице, биле донесени во Ургентниот центар на ЈЗУ Општа болница Велес по 16:00 часот. Прво бил примен женскиот пациент, но, и покрај обидите на дежурните лекари специјалисти по хируршки болести, таа починала. Потоа бил донесен и момчето, за кое веднаш било констатирано дека нема знаци на живот.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, најави дека официјални информации за настанот ќе бидат соопштени во текот на денот.
Неофицијално, жртвата претходно повеќепати го пријавувала убиецот поради закани по својот живот и животот на нејзиниот татко, а имало и случај со палење на нејзиното возило.