УТРО.мк

42-годишник рекетирал сограѓанин – полицијата го фати „на дело“!

42-годишник рекетирал сограѓанин – полицијата го фати „на дело“!
Vero

Четириесет и двегодишен битолчанец е уапсен поради изнуда, откако во повеќе наврати од август 2024 година до септември 2025 година барал пари од свој сограѓанин, најпрво како донација за спортски натпревар, а потоа и за наводни долгови кон трети лица.

Според Обвинителството, осомничениот упатувал сериозни закани преку СМС, гласовни пораки и социјални мрежи, по што жртвата се исплашила за својата безбедност и ја исплатила сумата од 2.000 евра.

По пријава од оштетениот, истражители од Истражниот центар на ОЈО Битола, во соработка со СВР Битола, организирале контролиранa испорака на парите. Осомничениот бил лишен од слобода веднаш по преземањето на паричните средства, кои претходно биле кримтехнички обработени.

Обвинителството информира дека ова е прва целосна оперативна акција на новоотворениот Истражен центар на ОЈО Битола, кој официјално започна со работа на 1 август годинава. Судот ќе одлучува за определување мерка притвор за осомничениот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран