УТРО.мк

Божиновска: Брза координација и акција го сопреа пожарот во Трубарево

Божиновска: Брза координација и акција го сопреа пожарот во Трубарево
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веднаш се вклучи во справувањето со пожарот во Трубарево, соопшти министерката Сања Божиновска. Единствениот ефикасен начин за локализација на огнот беше негово затрупување со големи количини песок, што беше реализирано преку координација со сите концесионери во околината на Скопје.

Вработените во секторот рударство стапија во контакт со концесионерите ЖИКОЛ – Струмица, ИЗГРАДБА КОМЕРЦ – Скопје, ЕУРО ПРОГРЕС – с. Долно Коњаре, Петровец и МИЉА – Скопје, кои веднаш се одзваа и ангажираа механизација и персонал, и покрај тоа што се работеше за неработен ден.

За помалку од еден час, потребниот песок беше доставен на терен, со што беше спречено понатамошното ширење на пожарот и сериозно загадување на воздухот.

„Благодарни сме на сите концесионери за нивната подготвеност и солидарност. Ваквите акции ја потврдуваат важноста на заедничката мобилизација на институциите во кризни ситуации“, истакна Божиновска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран