УТРО.мк

По 22 години ветувања, конечно закон за правична застапеност: ВЛЕН става крај на манипулациите со Балансерот

По 22 години ветувања, конечно закон за правична застапеност: ВЛЕН става крај на манипулациите со Балансерот
Vero

По две децении неисполнети ветувања и манипулации со т.н. Балансер, денес – 24 јуни 2025 година – коалицијата ВЛЕН го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, чекор кој се смета за историски во однос на исполнувањето на обврските од Охридскиот рамковен договор.

Со овој закон, се воспоставуваат јасни, извршни механизми и рокови за спроведување на правичната застапеност на заедниците во јавниот сектор, а Балансерот – контроверзен алат кој со години беше извор на партиски вработувања и клиентелизам – оди во историјата.

ВЛЕН ја обвини ДУИ дека цели 22 години ги лажела граѓаните со празни ветувања за еднаквост и застапеност, користејќи го Балансерот како алатка за манипулација и контрола врз администрацијата. Иако во неколку изборни програми партијата ветуваше суштински промени, ниту еден од клучните закони не беше донесен, а реформите останаа само на хартија.

„Ветуваа графа за етничка припадност, нов закон за административни службеници, фер систем за вработување, но сето тоа остана само предизборна реторика. ДУИ го користеше Балансерот за да вработува по партиски списоци, а не според реални потреби и критериуми,“ велат од ВЛЕН.

Со новиот закон, за првпат во правниот систем се вградуваат транспарентни правила и механизми за реална етничка застапеност во институциите, без простор за политички влијанија. Ова, според ВЛЕН, е исполнување на еден од најважните, но најзапоставени сегменти од Рамковниот договор.

„Ова не е само административна реформа – ова е конечно исправување на долгогодишна неправда,“ изјавуваат од коалицијата, најавувајќи дека законот ќе донесе нова ера на фер застапеност и функционална, департизирана администрација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран