УТРО.мк

Лавров: Не е праведно да се споредуваат конфликтите меѓу Израел и Иран со војната во Украина

Лавров: Не е праведно да се споредуваат конфликтите меѓу Израел и Иран со војната во Украина
Vero

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е „неправедно и погрешно“ да се прават паралели помеѓу конфликтот меѓу Израел и Иран и руската инвазија врз Украина.

На меѓународниот форум „Примаков ридингс“ во Москва, Лавров нагласи дека „природата и контекстот“ на двете ситуации се суштински различни.

Според него, конфликтот на Блискиот Исток произлегол од, како што рече, „неосновани сомнежи на Израел“ за иранската работа на нуклеарна бомба, иако инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и американските разузнавачки служби досега не нашле докази за тоа.

„Иран постојано тврди дека го користи нуклеарниот програм во мирољубиви цели. Израел го нападна на 13 јуни без потврдени докази од МААЕ“, рече Лавров.

За разлика од тоа, тој тврди дека Украина „отворено ги прекршила своите обврски“ со приближувањето кон НАТО и со, како што рече, „создавање директна закана за руската безбедност“.

„Сакаа да изградат НАТО бази на Крим, а британците планираа база на Азовско Море. Тоа не можевме и нема да го дозволиме“, изјави Лавров, додавајќи дека заканата кон руската безбедност и, како што рече, „искоренувањето на сè што е руско“ се вистинските причини за инвазијата на Украина.

Според Лавров, додека во Украина се забранува рускиот јазик, „во Иран хебрејскиот не е забранет, постојат синагоги, а јудаизмот не е прогона религија.“

Министерот заклучи дека нема докази за непријателски акции од страна на Иран кон Израел, и оти споредбите со Украина се дел од „пропаганден наратив“ на Западот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран