
Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.
Кај повеќе производи е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти, што е во спротивност со карактерот на чист млечен производ.















