УТРО.мк

По напад на улица во Скопје, маж повторно насилно ги нападнал сопругата и ќерката

По напад на улица во Скопје, маж повторно насилно ги нападнал сопругата и ќерката
Vero

48-годишен маж од Велес е приведен од полицијата откако, по првичен напад врз својата сопруга на подрачјето на Центар во Скопје, подоцна повторно ги нападнал сопругата и малолетната ќерка и им се заканувал со остар предмет.

Првиот инцидент бил пријавен вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, кога очевидец пријавил дека маж физички ја нападнал сопругата на улица во центарот на градот. Полициските службеници веднаш започнале активности за пронаоѓање на сторителот и презеле мерки за заштита на жртвата.

По преземените проверки било утврдено дека лицата се жители на Велес, по што во потрагата се вклучиле и полициски екипи од СВР Велес.

Подоцна, по враќањето во нивниот дом, мажот повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната ќерка, при што им се заканувал со остар предмет.

По координирана акција на СВР Скопје и СВР Велес, осомничениот бил лишен од слобода во 21 часот. Острото средство било пронајдено и одземено, а лицето било задржано во полициска станица.

За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да пријавуваат семејно насилство веднаш по негово забележување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран