
На 31.05.2026 година во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.И. (23) и Љ.Б. (23), двајцата од Тетово.
Инцидентот се случил околу 20:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, кога полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б., додека сопатник бил А.И.
При контролата, сопатникот одбил да се легитимира и двајцата не дозволиле да им биде извршен личен преглед. Според информациите, возачот Љ.Б. се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.















