Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот на избирачките места во земјата гласале 279.241 граѓанин, што претставува излезност од 39,28 проценти.
Според ДИК, гласањето се одвива без поголеми нерегуларности и во мирна атмосфера, а избирачките места ќе останат отворени до 19:00 часот.
Највисока излезност до 17 часот е забележана во општина Конче – 64 проценти, Лозово – 62 проценти и Крушево – 61 процент. Најниска излезност е регистрирана во Шуто Оризари – 25 проценти и Куманово – 27 проценти.
Во останатите општини излезноста е следна: Аеродром – 36%, Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Кичево – 48%, Кочани – 34%, Македонска Каменица – 45%, Македонски Брод – 46%, Струга – 35%, Тетово – 39%, Центар – 39% и Чучер Сандево – 51%.
Од ДИК најавија дека следниот прес со конечната излезност и првичните резултати ќе биде одржан по затворањето на гласачките места во 19 часот.































