УТРО.мк

Од утре дожд и грмежи низ Македонија

Од утре дожд и грмежи низ Македонија
Vero

Денеска времето ќе биде претежно сончево и топло, со краткотрајно стабилизирање на атмосферата. Но, веќе од утре (14 септември) попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември), под влијание на атмосферски фронт од север ќе настапи поголема дестабилизација на времето.

Според метеоролозите, локално ќе има поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 25 литри на метар квадратен за кратко време), засилен ветер кој може да надмине 60 км/час, електрични празнења и услови за појава на град.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да ги следат метеоролошките најави за да избегнат можни последици од временските непогоди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран