УТРО.мк

Ниту постои, ниту некогаш постоел договор Лондон–Скопје за прифаќање мигранти – Лосон за ТВ 24

Ниту постои, ниту некогаш постоел договор Лондон–Скопје за прифаќање мигранти – Лосон за ТВ 24
Vero

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел.

Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на стратешката соработка меѓу двете земји, можностите за визна либерализација, како и на евроинтеграциите и потенцијалната улога на Лондон во дијалогот меѓу Скопје и Софија. Целиот разговор со британскиот амбасдор Лосон, во емисијата „Европат”.

Извор: 24.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран