УТРО.мк

Москва отворено на страната на Иран: Русија вели дека не е неутрална во конфликтот

Москва отворено на страната на Иран: Русија вели дека не е неутрална во конфликтот
Vero

Русија јавно застана зад Иран во актуелниот конфликт на Блискиот Исток, откако рускиот амбасадор во Обединетото Кралство, Андреј Келин, изјави дека Москва не е неутрална и дека ја поддржува позицијата на Техеран.

Во интервју за британската телевизија „Скај Њуз“, Келин истакна дека руските власти со голема загриженост ги следат случувањата во регионот и оцени дека западните земји имаат неправеден пристап кон конфликтот.

Според него, во меѓународната јавност се создава наратив според кој Иран е единствениот виновник за ескалацијата.

„Во моментов логиката на западните земји е таква што Иран е виновен за сè“, изјави Келин, додавајќи дека се игнорира фактот кој го започнал конфликтот.

Рускиот амбасадор тврди дека нападот бил инициран од страна на САД и Израел, а дека потезите на Техеран претставуваат реакција на таа, како што ја нарече, надворешна агресија.

„Иран само одговара на тој напад. Тоа едноставно не е праведно“, нагласи Келин.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран