УТРО.мк

Бехтел и Енка потврди дека Владата не должи ни денар

Бехтел и Енка потврди дека Владата не должи ни денар
Vero

Потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8, се вели во соопштението на Бехтел и Енка.

Гостивар, 7 март 2026 (МИА) – Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8.

Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:

– Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси.

Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.

Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, рекоа од компанијата.

Извор: МИА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран