УТРО.мк

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица
Vero

Над 7 милиони евра се инвестираат во Струмица преку проекти реализирани од Министерството за транспорт, со цел подобрување на патната и комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на општината.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, посочува дека инвестициите во инфраструктурата претставуваат значајна поддршка за локалниот економски и урбаниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Меѓу проектите што се реализираат во Струмица е и изградбата на атмосферски канализациски систем во населеното место Просениково. Проектот е вреден 46,6 милиони денари и има за цел унапредување на комуналната инфраструктура и решавање на проблемите со атмосферските води.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека инвестициите во патната и комуналната инфраструктура се дел од континуираните активности за подобрување на условите за живот и создавање предуслови за економски развој на локалните заедници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран