УТРО.мк

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови
Vero

Силна експлозија и пожар избувнаа утрово во военото пристаниште во Бенгази, во источна Либија, при што бил оштетен руски брод. Властите на истокот на земјата соопштија дека првичната истрага укажува на можен напад со дронови, додека поморски аналитичари проценуваат дека станува збор за руската ракетна корвета „Меркуриј“.

Според Ројтерс, владата со седиште во источна Либија потврдила дека експлозијата се случила на руски брод закотвен во пристаништето. Оттаму наведуваат дека бродот застанал во Бенгази за да се снабди со гориво и со залихи на пат кон Русија.

Сателитски снимки покажуваат пожар на брод

Специјализираниот портал „Навал њуз“, врз основа на сателитски снимки и други достапни материјали, го идентификуваше оштетениот воен брод како „Меркуриј“ – руска ракетна корвета од класата „Стерегушчиј“, проект 20380.

Порталот оценува дека бродот најверојатно е уништен. Двајца либиски воени претставници за Асошиејтед прес изјавиле дека „Меркуриј“ претрпел тешки оштетувања. Конечната состојба на бродот засега останува без независна потврда.

На сателитските снимки што ги разгледал Би-би-си се гледа брод зафатен од пожар во пристаништето, додека снимка направена неколку часа подоцна покажува пловило што изгледа делумно потонато.

Прво се зборуваше за складиште со муниција

Во првите информации од Бенгази се наведуваше дека експлодирало складиште со муниција во рамки на поморската база. Подоцна, властите во источна Либија соопштија дека првичните наоди укажуваат оти експлозијата се случила на руски брод и дека можната причина е напад со беспилотни летала.

Властите наведоа дека пожарот е ставен под контрола и дека пристанишните објекти и складиштата се безбедни. Според нив, по обезбедувањето на локацијата, нормалните активности биле обновени.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Има повредени, нема пријавени загинати

Два медицински извора за Ројтерс изјавиле дека нема пријавени загинати, но дека има повредени. Засега не е познат нивниот број, ниту нивната националност.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека од руските власти немало непосредна реакција, а никој не презел одговорност за можниот напад.

Асошиејтед прес, повикувајќи се на либиски претставници, објави дека се сомневаат на украински напад со дронови. Кој го извршил евентуалниот напад засега не е потврдено.

Либиските власти бараат одговорност

Владата со седиште во источна Либија го осуди можниот напад како нарушување на суверенитетот на земјата и закана за поморската безбедност. Оттаму најавија правни и дипломатски мерки против оние за кои ќе се утврди дека се одговорни.

Властите истакнаа и дека Либија не е страна во војната меѓу Русија и Украина и дека нема да дозволат нејзините пристаништа и територија да станат место за пресметка на меѓународни конфликти.

Руска корвета во Медитеранот

„Меркуриј“ е ракетна корвета од класата „Стерегушчиј“, наменета за задачи на руската воена морнарица. Според поморските извештаи, бродот претходно придружувал руски пловила што се користеле и за транспорт на воен товар.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, украинските сили повеќепати користеа поморски дронови и проектили против руски воени бродови и поморски објекти, особено во Црното Море. Имаше и инциденти поврзани со руски пловила во Медитеранот, наведува Ројтерс.

Истрагата во Бенгази треба да покаже што точно ја предизвикало експлозијата, дали станува збор за напад и колкава е конечната штета на бродот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран