
Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 15 возачи на различни локации во државата поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека седуммина од возачите управувале без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, додека петмина седнале зад волан и покрај претходно изречена забрана за управување.
Без возачка дозвола биле затекнати возачи од Куманово, село Сенокос во општина Долнени, Битола и четворица од Скопје.
Под дејство на алкохол управувале возачи од Кавадарци, Гостивар и Пробиштип. Петтемина што возеле за време на изречена забрана биле од Куманово, општина Долнени, Радовиш и двајца од Скопје.
По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не управуваат возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана, со цел поголема безбедност на патиштата.























