УТРО.мк

Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен
Vero

Продолжува потрагата по лицето кое исчезна во реката Вардар кај Гостивар. По барање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување повторно ги ангажираше специјализираните тимови за пребарување.

Во акцијата учествува Тимот за брз одговор за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС во Гостивар. На терен е и заменик-директорот на Дирекцијата, Кашмир Салиу.

Екипите го пребаруваат течението на Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот и продолжувајќи кон низводните подрачја. Потрагата се спроведува во координација со полицијата и локалните служби.

Од ДЗС апелираат граѓаните што имаат информации за исчезнатото лице или ќе забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на бројот 112.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран