УТРО.мк

Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали

Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали
Vero

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје утрово извршиле претрес во дом во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и две дигитални ваги.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември 2026 година, во 07:00 часот, од слобода бил лишен Д.И. (33) од Штип.

Претресот бил извршен врз основа на судска наредба, а при полициското постапување биле пронајдени и одземени наркотична дрога и предмети.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител.

Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава против лицето.

Полицијата продолжува со преземање мерки за расчистување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран