УТРО.мк

Полицијата заплени бела прашкаста материја во струшко Франгово, приведен 47-годишен маж

Полицијата заплени бела прашкаста материја во струшко Франгово, приведен 47-годишен маж
Vero

Четириесет и седумгодишен жител на струшкото село Франгово е лишен од слобода откако полицијата при претрес во простории што ги користел пронашла и одзела бела прашкаста материја.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 19 ноември 2026 година од полициски службеници на ОВР Струга, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР.

Претресот бил извршен со наредба од Основниот суд Струга, во просториите што ги користел А.А. од Франгово. При претресот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од МВР наведуваат дека бела прашкаста материја била пронајдена и одземена и при преглед на лицето.

Полицијата не соопшти за каква материја станува збор, ниту нејзината количина.

По целосното документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран