УТРО.мк

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со претставници на Сенатот и Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, кои се дел од програмата „Balkans Forward Congressional Fellows“ на Атлантскиот совет.

На средбата била потврдена силната и блиска соработка меѓу Македонија и САД, при што Муцунски ја претставил работата на Министерството и ги истакнал клучните надворешнополитички приоритети на земјата – интеграцијата во Европската Унија, придонесот во НАТО и натамошното зајакнување на стратешкото партнерство со САД.

Осврнувајќи се на развојот на билатералните односи во изминатите три децении, Муцунски ги истакнал традиционално добрите односи меѓу двете земји и значењето на стратешкото партнерство за безбедноста и демократскиот развој на Македонија, но и за стабилноста на регионот.

На разговорите биле разгледани и актуелните геополитички предизвици. Соговорниците размениле мислења за евроатлантската перспектива на Западен Балкан, регионалната стабилност, како и за пошироката евроатлантска безбедност.

Муцунски оцени дека континуираниот политички дијалог и партнерството со САД остануваат од особено значење во услови на сложени геополитички и безбедносни предизвици.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin