УТРО.мк

Мицкоски најавува можност за електронски попис, ја обвини претходната власт за политичка и можна кривична одговорност

Мицкоски најавува можност за електронски попис, ја обвини претходната власт за политичка и можна кривична одговорност
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја сноси претходната владејачка коалиција, која сега е во опозиција, и дека треба да се провери дали постојат основи и за кривична одговорност. Ова го изјави по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје, каде што беше разговарано за можноста за воведување електронски попис.

Мицкоски повтори дека електронскиот попис може да се спроведе преку вкрстување на податоци од повеќе референтни бази, во согласност со препораките на ЕУРОСТАТ.

„Не можеме да ја развиваме државата врз основа на лажни податоци. Се случувале работи кои се темелеле на ветер и магла. А сега од опозицијата слушаме што требало да се прави“, рече премиерот, додавајќи дека негов предлог бил дијаспората да има една изборна единица, за да не ѝ се оспорува правото на учество.

Во однос на влијанието на евентуалниот нов попис врз бројот на советници на претстојните локални избори, Мицкоски нагласи дека тоа може да се случи доколку постои сомнеж во точноста на податоците за бројот на жители.

„Оние што ја користеле таа методологија не требало да ја користат, иако нѐ убедуваа дека е европска, ама испадна дека не е“, рече тој.

Премиерот истакна дека редовните пописи се организираат на почетокот на секоја декада, но ако има политичка волја или сомнеж, можен е и вонреден попис. Според него, пописот е техничка, а не политичка работа, и изрази задоволство што бројот на советници ќе се намали, бидејќи тоа ќе значи и намалени трошоци.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран