УТРО.мк

Министерството за здравство најави итни надзори во приватните болници по тврдења за непотребни операции

Министерството за здравство најави итни надзори во приватните болници по тврдења за непотребни операции
Vero

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што се појавија во јавноста дека се изведувале непотребни операции со цел профит.

„Врз основа на информациите што се споделени, Министерството веќе се координира за проверка на тврдењата и спроведување на итни и вонредни надзори за да се добие целосна слика. Дополнително, комплетната дигитализација на здравствениот сектор, преку системот ‘Мој термин’, ќе овозможи двонасочна размена на информации меѓу јавните и приватните установи и идентификација на евентуални злоупотреби,“ соопшти Министерството.

Од таму истакнуваат дека во здравството постојат јасно утврдени професионални стандарди, протоколи и законски постапки, а почитувањето на професионалниот интегритет на здравствените работници и правата на пациентите е задолжително.

„Одлуките за лекување се базираат на клинички индикации и правото на второ стручно мислење. Пациентите треба да се чувствуваат охрабрени да поставуваат прашања и да бараат појаснувања,“ велат од Министерството.

Тие предупредуваат дека здравствениот систем се заснова на доверба и дека јавната комуникација треба да се темели на проверливи информации, без шпекулации и генерализации.

Итните надзори следат по медиумските извештаи и изјавата на кардиологот Сашко Кедев дека се прават непотребни хируршки интервенции со цел профит.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран