Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а можна е изолирана нестабилност со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 33, во Скопје до околу 31 степен, информира метеорологот Славчо Попоски.
Од среда (20 август) до петок (22 август) Македонија ќе биде под влијание на потопла и сува воздушна маса од Африка. Во овој период времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со температури над 30 степени насекаде во земјата. Во Повардарието и југоисточните предели тие ќе надминат 35, а на места ќе достигнат и до 38 степени. Во Скопје и околината се очекуваат температури до 36–37 степени.
Во петок попладне ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, кој ќе ја најави новата промена на времето. За време на викендот (23 и 24 август) следува значително освежување со пад на температурите и посвежо време низ целата земја.