УТРО.мк

Метеоаларм: Попладне поројни дождови, грмежи и можен град во делови од Македонија

Метеоаларм: Попладне поројни дождови, грмежи и можен град во делови од Македонија
Vero

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во попладневните часови повторно се очекува дестабилизација на атмосферата. Според прогнозата, на повеќе места ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека на одделни подрачја се можни поинтензивни атмосферски процеси, проследени со пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час, како и краткотрајно невреме со појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината е можна појава на пообилен пороен дожд и град. Минималната температура ќе изнесува околу 16 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin