УТРО.мк

Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа
Vero

Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, во врска со предлогот на опозицијата за избор на влада со Бадентер, изјави дека прашањето треба подобро да се анализира.

„Мислам дека треба подлабоко да се анализира од експерти од правната област. Треба да имаме предвид дека во 2007 година, кога ДУИ, каде и јас бев дел, постигна еден непишан договор победникот со победникот да формираат влада, што не го подразбираше принципот на Бадентер, туку победникот од македонската страна и победникот од албанската страна да создадат легитимна влада, која во 2008 година беше имплементирана. Но, беше направена грешка што тој непишан договор не стана дел од законодавството и остана прашање на добра волја, што заради вистината, во 2016 година самите ние го прекршивме“, потсетува Меџити.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран