
Во Загреб се одржаа бројни политички средби посветени на иднината на Македонија и нејзиниот евроинтегративен процес, на кои Хрватска ја потврди својата силна и континуирана поддршка за членството на земјата во Европската унија.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека односите меѓу Македонија и Хрватска претставуваат позитивен пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна поддршка и заедничка визија за европска иднина. Во фокусот на разговорите било и продлабочувањето на политичките и економските релации меѓу двете држави.

Николоски нагласи дека побарал силна поддршка од хрватските институции за надминување на проблемите со македонските транспортери и нивните работни активности во рамки на Шенген зоната. Според него, станува збор за прашање со регионално значење, чие брзо решавање ќе придонесе за стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.




























