УТРО.мк

Меџити: Со УНДП обезбедуваме 6.74 милиони долари за заштита на природата и обновување на земјиштето

Меџити: Со УНДП обезбедуваме 6.74 милиони долари за заштита на природата и обновување на земјиштето
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави нова фаза на соработка меѓу Министерството и УНДП, со вкупна вредност од 6.74 милиони американски долари. Соработката е дел од осмата фаза на проектите поддржани од Глобалниот еколошки фонд (GEF), и има за цел конкретни и мерливи резултати во борбата против климатските промени и деградацијата на животната средина.

„Овој партнерски договор не е само документ, туку обврска за акција – денес, не утре“, порача Меџити. Тој истакна дека средствата ќе бидат распределени во три клучни области: 1 милион долари за борба против климатските промени, 3 милиони долари за заштита на биолошката разновидност, и 2.74 милиони долари за обновување на деградирано земјиште.

Главна цел на проектот е зајакнување на отпорноста на екосистемите, обновување на оштетените природни ресурси и запирање на уништувањето на шумите. Активностите ќе бидат фокусирани на конкретни интервенции кои ќе имаат долгорочно влијание врз квалитетот на животот, природата и локалните заедници.

„УНДП е наш проверен партнер и сојузник во решавањето на еколошките предизвици. Од планови преминуваме кон резултати. Ова е дел од нашата национална и глобална одговорност“, додаде Меџити.

Со новиот договор, Македонија потврдува дека останува посветена на зелената транзиција и зачувување на природните богатства. Како што подвлече министерот, „ние одбравме да бидеме дел од решението“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран