УТРО.мк

Мицотакис на состанокот Билдерберг жестоко ги бранел бугарските позиции за Македонија

Мицотакис на состанокот Билдерберг жестоко ги бранел бугарските позиции за Македонија
Vero

По завршувањето на тридневниот собир на светската политичка и бизнис-елита „Билдерберг“ во Стокхолм, неочекувано беше откажана планираната посета на претседателот на Словачка, Петар Пелегрини, на Северна Македонија, вклучувајќи и средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Според дипломатски извори, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил исклучително активен на маргините на состанокот, при што „жестоко ги бранел бугарските позиции“ во врска со извештајот на Томас Вајц за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите. Приоритет на Мицотакис, како што наведуваат изворите, било лобирањето за заштита на интересите на Бугарија и бугарската заедница во Македонија, што се оценува и како дел од обидите да се одржи Преспанскиот договор, со негирање на засебниот македонски идентитет.

Оваа „грчко-бугарска оска“ добива поддршка и од Романија, со што се обидува да се спречи усвојувањето на извештајот на Вајц, кој во Европскиот парламент е закажан за 24 јуни 2025 година и кој вклучува признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Дополнително, бугарскиот премиер Росен Желјасков реализираше средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, со цел да ги заштити „правата на бугарската заедница“ во Северна Македонија, што е првиот конкретен резултат од оваа коалиција.

Официјалните кругови во Скопје ги следат овие случувања со внимание, нагласувајќи дека овие активности претставуваат сериозен предизвик за европската интеграција и суверенитетот на Северна Македонија.

Извор: Нова Македонија

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран