Поранешниот пратеник Илија Димовски со пригодна „реч“ за седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој им беше сменет личниот опис на Република Македонија и на македонскиот народ.
„Борбата на македонскиот народ за слобода не е завршена.
17 јуни 1990 година,
ние Македонците одлучивме дека ќе ја воозобновиме старата идеја на ВМРО за слободa на Македонија. Таа идеја се воозобнови во ликот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Воозобновувањето на идејата беше повеќе од партија, беше идеал, беше идеја, беше платформа, беа солзи на нашите мајки.
Слободата на Македонија, слободата на македонскиот народ и сите рамноправни на него луѓе, човековите права на Македонците во соседството, правото на збор, јазик, мисла, правото на училиште, песна, оро, правото на образование на својот јазик, правото на гордост и правото на отсуство на страв дека си Македонец, се базични и непроменливи темели на слободарската и прогресивна идејата на ВМРО.
17 јуни 2018 година,
со потпишување на Преспанскиот договор, македонскиот народ го изгуби своето право да одлучува за себе, своето име, својот идентитет, своето единство и својата иднина.
Нас Македонците не ставија во затворена рамка, во затворен круг, во затворен квадрат, поделени, да поделени во мисловен, културолошки, етнички и идеолошки пакет и пакети кои тие ги посакуваа.
Затоа, првиот датум нека не потсетува дека борбата за слобода на Македонија не е завршена. Секоја шанса, секоја можност, секоја историска отсечка и секоја прилика или неприлика која може да донесе промена и може да донесе остварување на идеалот за слобода мора да биде користена.
Ништо и никој не е позначаен од идејата за слобода на Македонија.
Кога се изгледаше изгубено, се роди нова шанса. Се воозобнови идејата на ВМРО. Се создаде држава, војска, пари, репрезентација.
Кога се изгледа изгубено, пак ќе се роди шанса. И овој пат низ слободарската идеја на ВМРО, македонскиот народ ќе ја најде својата патека за слобода и човекови права, за себе и за сите како нас.
П.С. Поклопувањето на датумите не е случајно.
П.П.С. Местото на потпишување на Преспанскиот договор, исто така, воопшто не е случајно.
П.П.П.С. Секој компромис што ја губи душата на народот не е договор, туку одлагање на вистината“, објави Димовски на Фејсбук.