УТРО.мк

Мицкоски од Хераклеа: ВМРО-ДПМНЕ носи нова ера на вредности и економски развој

Мицкоски од Хераклеа: ВМРО-ДПМНЕ носи нова ера на вредности и економски развој
Vero

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од античкиот локалитет Хераклеа испрати порака за цврста определба кон економски просперитет, правда и градење на праведно општество. Обраќајќи се на одбележувањето на 35 години од формирањето на партијата, тој нагласи дека Владата ќе продолжи со спроведување на конкретни мерки кои ќе донесат вистински развој и подобар животен стандард.

„ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време на криза. Денес сме меѓу најбрзорастечките економии во Европа, но тоа не е доволно. Народот бара резултати кои ќе ги почувствува во секојдневието,“ истакна Мицкоски. Тој подвлече дека економскиот раст мора да биде придружен со вредности – труд, чест, ред и одговорност.

Најави 15 конкретни мерки фокусирани на инфраструктурата, поддршка за домашни компании, создавање нови работни места, подобрување на условите за младите, земјоделците и пензионерите, реформи во здравството и образованието, како и борба против корупцијата.

„Секоја промена почнува од домот и личната одговорност. Ќе создадеме систем кој ги наградува чесните и го санкционира злоупотребувањето на довербата,“ додаде тој, ветувајќи масовна дигитализација, непартизирана администрација и правна еднаквост за сите.

Мицкоски ја искористи приликата да оддаде почит на основачите на ВМРО-ДПМНЕ и сите кои се бореле за слободна, демократска и независна Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ не е само партија – тоа е идеја, љубов и движење кое не запира,“ порача Мицкоски, под мотото на јубилејот: „Идеја што не запира, вредности што носат промени.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран