УТРО.мк

Израел со масовен воздушен напад: 60 борбени авиони удрија врз ракетни системи во срцето на Иран

Израел со масовен воздушен напад: 60 борбени авиони удрија врз ракетни системи во срцето на Иран
Vero

Израелските воздухопловни сили извршија масовен воздушен напад врз ирански ракетни системи длабоко во внатрешноста на земјата, соопшти портпаролот на израелската војска, генерал Ефи Дефрин.

„Шеесет борбени авиони учествуваа во нападите врз клучни ракетни цели во централниот дел на Иран“, изјави Дефрин.

Според него, воздушната офанзива принудила дел од иранските сили да се повлечат кон источниот дел на земјата.

„Го напуштија западен Иран, но ние продолжуваме да ги следиме“, рече Дефрин, додавајќи дека моменталната ракетна активност на иранската армија главно се концентрира околу регионот на Исфахан.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран