УТРО.мк

Се претставувала како банкарка и измамила граѓани за над 1,5 милиони евра

Се претставувала како банкарка и измамила граѓани за над 1,5 милиони евра
Vero

Педесет и едногодишна жена од Хрватска е осомничена дека извршила серија измами и фалсификати со кои оштетила десетици лица за повеќе од 1,5 милиони евра, соопшти полицијата од Меѓумурје. Таа се претставувала како високо рангирана вработена во банка и нудела лажни поволни штедни продукти со високи камати.

Според информациите од истрагата, измамите траеле од јануари 2013 до април 2024 година. Жената, која била вработена, а потоа и поранешна вработена во банката, ги наведувала жртвите да вложат пари во наводни привилегирани штедни фондови. Дел од нив ѝ предавале готовина, додека други зеле ненаменски кредити по нејзин совет.

Наместо да ги уплати средствата во банка, осомничената ги присвојувала за себе и ги користела за отплата на долгови кон други лица. За да ги увери жртвите дека парите се безбедни, им издавала лажни договори за штедење и редовно плаќала дел од ратите и каматите.

Со оваа шема, таа успеала да измами лица од Вараждинска, Лика-Сенска, Дубровачко-Неретванска и Загрепска жупанија, како и од градот Загреб. Полицијата спроведе кривична истрага по налог на државното обвинителство, а против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран