УТРО.мк

Војник од елитна единица е егзекуторот на младиот пар во Загреб: Го идентификувале преку отисоци и надзорни камери

Војник од елитна единица е егзекуторот на младиот пар во Загреб: Го идентификувале преку отисоци и надзорни камери
Vero

Матија М. (29), припадник на Почесно-заштитната единица од Панковчак, е главниот осомничен за бруталното двојно убиство што се случи во петокот вечерта во гаража во загрепската населба Маркушевац, каде животот го загубија Андреа К. и Маријан Ц., додека седеле во својот автомобил „Ауди“.

Според неофицијални информации на хрватскиот „Јутарњи лист“, утрово е уапсен и вториот осомничен – Фран Р. (31), кој се сомничи дека му помагал на егзекуторот.

Истрагата укажува дека убиецот влегол низ главниот влез на зградата и чекал жртвите да излезат од станот и да се симнат во гаражата. Откако Андреа седнала зад воланот, а Маријан на совозачкото седиште, напаѓачот им се приближил и од мала оддалеченост испукал смртоносни истрели преку затворените врати на возилото. Повредите биле фатални и жртвите починале на самото место.

Се сомнева дека еден од уапсените испукал рафал, додека другиот активно помагал во извршувањето на кривичното дело. Засега не е утврден точниот мотив зад ликвидацијата.

Хрватската полиција веќе изврши претреси во домовите и на мобилните уреди на осомничените, а истрагата е во напредна фаза. Не се исклучува можноста за апсење на трето лице, кое евентуално го нарачало убиството.

Осомничените биле идентификувани благодарение на интензивна истрага спроведена за време на викендот, при што биле анализирани отисоци од прсти, снимки од надзорни камери и податоци од базни станици на мобилна телефонија. Клучен доказ било присуството на мобилниот уред на Матија М. на самото место на злосторството, што овозможило прецизно следење на неговото движење.

Во фокусот на истрагата е и мотоцикл од марката „Кавасаки“ со специфичен изглед, како и возило со препознатливи додатоци, забележани во близина на местото на настанот.

На социјалните мрежи, Матија М. е фотографиран токму на истиот мотор со златни детали и фелни. Исто така, постојат снимки каде пука со пиштол додека носи воена униформа.

Во минатото, тој за својата служба во војската зборувал со гордост, опишувајќи ја како „братство“, и нагласил дека мотивацијата за воената кариера ја нашол во семејството и своите инструктори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран