
Уште една емотивна сцена се случи на Универзитетската клиника за детски болести, каде што малиот Бајрам го заѕвони „победничкото ѕвонче“, означувајќи крај на неговата тешка битка.
Од Детската клиника информираа дека ѕвоното повторно одекнало како симбол на уште една извојувана победа и храброста на едно дете.
„Победничкото ѕвонче повторно силно одекна, за сите да слушнат дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја совлада тешката битка“, соопштија од Клиниката за детски болести.
Од Клиниката на Бајрам му посакаа многу здравје, среќа и живот исполнет со радост и успеси.
Само минатата недела, уште еден мал пациент, Ефнан, го заѕвони „победничкото ѕвонче“, означувајќи уште една радосна победа.















