УТРО.мк

Македонскиот ансамбл „Илинден“ освои Гран при на фестивал во Полска

Македонскиот ансамбл „Илинден“ освои Гран при на фестивал во Полска
Vero

Македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ се врати од меѓународниот фестивал „Wawelskie Skarby“ во Краков со највисокото признание, Гран при, со што уште еднаш го потврди својот континуиран успех на меѓународната сцена.

Според информациите од ансамблот, ова е втора последователна година во која „Илинден“ добива награда на овој фестивал, но годинашниот настап бил оценет како најуспешен досега и резултирал со врвното фестивалско одликување.

Покрај натпреварувачкиот дел, учесниците имале и посебна чест да настапат во Кралскиот замок Вавел – една од најзначајните историски и културни локации во Краков, што дополнително го збогатило нивното фестивалско искуство.

Од ансамблот нагласуваат дека постигнатиот резултат е плод на долготрајна работа, ангажманот на играорците и кореографскиот тим, како и поддршката што ја добиваат од семејствата и заедницата околу нив.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран