УТРО.мк

Локални избори: првични резултати по општини и партии

Локални избори: првични резултати по општини и партии
Vero

Според досегашните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата убедливо водат во 55 општини, додека СДСМ, Коалицијата ВРЕДИ и Националната алијанса за интеграција (НАИ) се во водство во седум општини, а Демократската партија на Турците во една општина.

Од досега обработените 43,32 отсто од гласовите, односно податоци од 1.713 избирачки места од вкупно 3.474, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во општини како Аеродром, Битола, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип, Карпош, Кисела Вода, Чаир и многу други, според официјалните резултати.

СДСМ и коалицијата предводена од нив водат во Богдацни, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново-Облешево. Кандидатите на ВРЕДИ се во водство во Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово и Чаир. ДУИ води во Арачиново, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Сарај.

Во Струга и Студеничани засега водат независните кандидати, а во Центар Жупа кандидатот на Демократската партија на Турците има предност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран