УТРО.мк

Лишени од слобода возачи во Тетово, Гостивар и Македонски Брод, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи во Тетово, Гостивар и Македонски Брод, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
Vero

На 09.10.2025 год во 23:05 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.Р.(53) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „нисан“ со тетовски регистарски таблички и при преземење мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта. На 10.10.2025 во 00:07 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Х.М.(43) од с.Врањовце, гостиварско. Претходно, тој со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода на регионален пат Гостивар-с.Чегране, во близина на с.Форино, по што го напуштил местото. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,62 промили алкохол во крвта.

На 09.10.2025 во 10:26 часот на ул.,,Маршал Тито” во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македоснки Брод го лишија од слобода Р.М.(69) од с.Долна Бањица, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат” со гостиварски регистарски ознаки во населено место со брзина од 92 километри на час каде брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран