Хеликоптер веќе интервенира: ЦУК под водство на директорот Али во акција за гаснење на пожарот над магистралата кон Блаце
Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г-дин Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи.