Д-р Гордан Калајџиев, редовен професор на Правниот факултет, остро критикуваше дел од политичките изјави околу функционирањето на судскиот систем. Според него, реалноста е далеку од она што политичарите често ја претставуваат.
„Нашите судови се спремни да осудат и мечка без докази. Податоците покажуваат дека повеќе од 90% од обвинетите завршуваат со осудителни пресуди, што укажува на сериозен проблем во судската практика“, истакна Калајџиев.
Тој посочи дека, наместо да се соочат со оваа загрижувачка статистика, политичарите упорно ги обвинуваат судовите за спротивното, создавајќи искривена слика пред јавноста.
Калајџиев нагласи дека е потребна темелна анализа и реформи за да се осигура праведно судење и да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
























