Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на 20.500 килограми замрзнат помфрит со поминат рок на употреба, кој бил наменет за пласирање на македонскиот пазар. Производот, увезен од Холандија со рок на употреба до 23 мај 2025 година, беше нештетно уништен на депонијата Дрисла во присуство на инспектори за храна, согласно донесената мерка за забрана за увоз и решение за нештетно уништување.
Во рамки на вонреден инспекциски надзор, АХВ заплени и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек од оператор со храна од животинско потекло. Поради непочитување на процедурите за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, операторот доби временa забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.
АХВ продолжува со редовни и вонредни инспекциски контроли, со цел заштита на граѓаните од консумирање небезбедна храна и обезбедување на здравјето и благосостојбата на животните.























