На 23 ноември 2025 година во 01:05 часот, СВР Скопје доби пријава дека во селото Батинци било опожарено патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од местото.
Екипите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенираа и пожарот е целосно изгаснат, без повредени лица.
Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.























