УТРО.мк

Изборот за новиот состав на ДИК на дневен ред во Собранието, Маричиќ предложен за претседател

Изборот за новиот состав на ДИК на дневен ред во Собранието, Маричиќ предложен за претседател
Vero
sobranie
sobranie

Пратениците денеска ќе ја одржат 83-тата пленарна седница на Собранието, на која ќе се одлучува за неколку прашања од висок институционален и општествен интерес – изборот на новиот состав на Државната изборна комисија, именување членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и разгледување на значајни законски измени од областа на кривичното право.

Во фокусот на седницата е изборот на новиот седумчлен состав на Државната изборна комисија (ДИК), за кој конкурираа вкупно 16 кандидати. По спроведената постапка во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, утврдени се имињата што ќе се најдат пред пратениците.

За претседател на ДИК е предложен Бојан Маричиќ од СДСМ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право, додека за потпретседател е номиниран Абдуш Демири од Движењето Беса – дел од коалицијата БРЕДИ, економист и магистер по финансии. За членови на Комисијата се предложени правници и економисти од редовите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со што се задржува принципот на политичка и етничка застапеност.

Истовремено, на дневен ред е и изборот на нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Од вкупно 14 пријавени кандидати, собраниската комисија ги предложи Лимко Бејзароски, Наташа Амдију и Џихан Ахмед – кадри со долгогодишно искуство во областа на човековите права и правото.

Покрај кадровските прашања, пратениците ќе расправаат и за Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, кој се разгледува во второ читање. Предлогот, поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, беше предмет на интензивна амандманска расправа – од 14 поднесени амандмани, прифатени се два, додека најголемиот дел беа одбиени.

Со измените се предвидува заострување на казнената политика за кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, со цел да се надминат укажаните слабости во постојната регулатива и да се постапи согласно одлуката на Уставниот суд од февруари 2025 година. Предлогот е усогласен и со забелешките на Европската комисија, со јасна цел – зајакнување на борбата против високата корупција.

Како новина, се воведува и посебно кривично дело што ја санкционира злоупотребата на туѓи снимки, фотографии и аудиозаписи со сексуално експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тие се однесуваат. Со ова законско решение, приватноста се поставува како јасен објект на кривично-правна заштита.

Измените го опфаќаат и проширувањето на примената на проширената конфискација, редефинирање на кривичното дело телесна повреда во случаи на родово базирано и семејно насилство – кои во иднина ќе се гонат по службена должност – како и воведување нови облици кај кривичното дело трговија со деца, со цел поефикасно справување со питачењето.

Во пакетот се вклучени и технички и усогласувачки измени поврзани со куќниот затвор, условната осуда, безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети, како дел од поширокиот проект „Безбеден град“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран