
Советот на Општина Битола утре ќеја одржи 5-та редовна седница на која како што беше најавено ќе започне примената на електронскиот систем на гласање и на пленарните седници. Со ова како што вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, Советот на Општина Битола е прв пример со електронско гласање од општините во Македонија.
„Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на Општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на Општина Битола. Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“ вели Бојкоски.



























