
Град Скопје го започнува новиот етапен проект за ревитализација на спортската инфраструктура на кејот на Вардар. Синоќа, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ја направија првата обиколка на терените, означувајќи го официјалниот старт на реконструкцијата.
Според објавите на социјалните мрежи на градоначалникот, Скопје добива уште еден значаен проект кој ќе ги подобри јавните простори и ќе ја зајакне спортската култура меѓу граѓаните. Во рамките на иницијативата, ќе бидат изградени нови терени за фудбал, одбојка и кошарка, а постојните ќе бидат целосно реконструирани. Дополнително, на кејот ќе се постават модерни фитнес зони на отворено, кои ќе бидат достапни за сите генерации, со цел промовирање на активен и здрав начин на живот.



























