
Во рамки на урбанистичкиот план за училишната парцела, започнува изградба на две нови паркинг места пред ООУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и ученичкиот интернат во Кичево.
Оваа мала, но значајна интервенција има за цел да го подобри пристапот и безбедноста во зоната околу училиштето. Со новите паркинзи, се очекува полесна организација на сообраќајот, зголемена безбедност за учениците и пешаците, како и олеснет пристап за вработените и посетителите.



























