УТРО.мк

Гори Националниот парк „Јасен“ во Македонски Брод

Гори Националниот парк „Јасен“ во Македонски Брод
Vero

Национален парк „Јасен“ сè уште под оган, изгаснати 21 пожар низ државата

Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи, на територијата на Република Северна Македонија утринава до 09:00 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор. Од нив, активен е само еден – во Националниот парк „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума.

Под контрола во моментов нема ниту еден пожар, додека 21 се целосно изгаснати. Меѓу потешко погодените подрачја во изминатите 24 часа се села и локации во Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, Карбинци, Битола, Прилеп, Куманово, Јегуновце, Сарај, Ранковце, Кичево, Валандово и Студеничани, каде главно горела ниска вегетација, а во два случаи било запалено и ѓубре.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни, особено во услови на високи температури и суво време, бидејќи и најмало невнимание може да предизвика нови пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран