Пожарите во Албанија денеска однесоа прва жртва, откако 80-годишен маж од селото Кулолас, кај Грамш, починал од задушување. Според информациите од полицијата во Елбасан, тој предизвикал пожар во градината на својата куќа, кој излегол од контрола и се проширил во повеќе села во округот.
Полицијата, противпожарните екипи и службите за цивилна заштита веднаш интервенирале на терен, работeјќи на гаснење на пожарот и евакуација на населението.
Министерството за одбрана на Албанија нареди итна евакуација на жителите од селата Кулолас, Блетез и Менколаре, апелирајќи тие да соработуваат со властите за безбедно напуштање на домовите.
Во операцијата учествуваат и 80 припадници на армијата, како и армиски хеликоптер, со цел да се изолираат пламените јазици и да се спречи понатамошно ширење на пожарите.